Екипата на РК Вардар со победа се враќа од гостувањето во Кавадарци кај екипата на Тиквеш. Избраниците на Давид Дејвис стигнаа до триумф со резултат 24:28.
Вардар имаше предност и контрола на резултатот во текот на целиот натпревар. Во првите осум минути гледавме игра гол за гол, се до моментот кога црвено-црните направија серија и се одлепија на четири гола позитива. Како одминуваше првото полувреме, Вардар се погрижи на одмор да замине со солидна предност од 9:15.
Вардар на стартот од вториот дел ги реши дилемите околу конечниот победник, кога влезе во добра серија и поведе со 10:19, па јасно беше кој ќе ги однесе бодовите, прашање беше само со каков резултат ќе заврши мечот во спортската сала „Јасмин“. Вардаровиот тренер им даде шанса за настап и на помладите ракометари, тоа малку го искористи Тиквеш да ја намали негативата, но не и да ја загрози нашата предност. На крајот Вардар забележа победа со резултат 24:28.
Најдобри стрелци кај Вардар беа Куни Моралес и Патрик Валчак кои постигнаа по 5 гола.
ФОТО: 24 ракомет