Денес на игралиштето во „Хиподром“ , помладите пионери на ФК Вардар го пречекаа Шкупи на меч кој е дел од натпреварите од 1/4 финалето во Купот на Република Македонија. Црвено-црните со убедлива победа обезбедија 1/2-финале, ние победивме со 5-0 (2-0).
Јанев дуелот го започна со следниот состав: Данстак Андреј, Николов Михаил, Ајетовиќ Нуман, Миовски Александар, Порчу Димитар, Јанкоски Драган Николовски Марко, Величковски Андреј, Алији Алтин, Лефковски Давор и Коловски Стефан.
По првиот дел веќе се назираше пласманот во полуфиналниот куп дуел, оваа единствена 1/4-финална средба ја решивме во првите 45.минути. Првиот дел го добивме со резултат 2-0, двата гола беа дело на исти играч. Најпрвин во 12.минута Алији Алтин погоди за 1-0, тргнавме потоа да ја удвоиме предноста. Преку истиот играч на 4.минути до крајот успеавме да ја удвоиме разликата, тој погоди за 2-0 резултат со кој се замина на одмор.
Предноста од полувремето ја удвоивме до 75.минута, кога Величковски Андреј и повторно Алији Алтин стрелаа за високи 4-0. Се беше решено, ние бевме патикот за следната рунда. Во 81.минута гостинот од скопки Чаир само ја потврди победата со автоголот на Салихи Миран. Со погодокот во сопствената мрежа играчот на гостиот ги постави конечните 5-0, резултат со кој обезбедивме полуфинале во Купот на Република Македонија за помлади пионери.