Sunday ,12 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар ја оправда фаворитската улога и славеше на гостувањето кај Тиквеш
Вардар ја оправда фаворитската улога и славеше на гостувањето кај Тиквеш

Вардар ја оправда фаворитската улога и славеше на гостувањето кај Тиквеш

Екипата на РК Вардар со победа се враќа од гостувањето во Кавадарци кај екипата на Тиквеш. Избраниците на Давид Дејвис стигнаа до триумф со резултат 24:28.

Вардар имаше предност и контрола на резултатот во текот на целиот натпревар. Во првите осум минути гледавме игра гол за гол, се до моментот кога црвено-црните направија серија и се одлепија на четири гола позитива. Како одминуваше првото полувреме, Вардар се погрижи на одмор да замине со солидна предност од 9:15.

Вардар на стартот од вториот дел ги реши дилемите околу конечниот победник, кога влезе во добра серија и поведе со 10:19, па јасно беше кој ќе ги однесе бодовите, прашање беше само со каков резултат ќе заврши мечот во спортската сала „Јасмин“. Вардаровиот тренер им даде шанса за настап и на помладите ракометари, тоа малку го искористи Тиквеш да ја намали негативата, но не и да ја загрози нашата предност. На крајот Вардар забележа победа со резултат 24:28.

Најдобри стрелци кај Вардар беа Куни Моралес и Патрик Валчак кои постигнаа по 5 гола.

ФОТО: 24 ракомет