Младинците се четвртата екипа на Вардар која успеа да се пласира во 1/2 финалето на националниот Куп. Денес на стадионот во Ѓорче, избраниците на Милан Илиевски-Мичка беа подобри од екипата на Македонија Ѓ.П. Вардар на овој натпревар славеше со резултат 0:2, со погодоци во вториот дел од натпреварот.
Вардар беше подобар на натпреварот, а имаше шанси и во првиот дел да го отвори резултатот, но сепак домашната екипа некако одолеваше на нашите напади и ја сочува мирна својата мрежа после истекот на првите 45 минути.
Вардар продолжи со офанзивната игра и во вториот дел и само беше прашање кога ќе биде отворен резултатот. После една акција во која, Живков беше фаулиран во противничкиот шеснаесетник, главниот судија покажа на белата точка. Сигурен реализатор во 57.минута на ударот од 16.метри беше Никола Величковски. Печат на победата и пласман во следната рунда стави Славче Живков, кој после еден центар шут во домашниот шеснаесетник, еден од противничките играчи си постигна авто гол, но сепак голот се препишува на Живков, тоа се случи во 75.минута, за конечни 0:2 на овој единствен натпревар од 1/4 финалето во младинскиот Куп.
Вардар: Лука Стојковски (К), Христијан Гроздановски, Давор Серафимов, Марко Стојилевски, Абдула Хасани, Ѓорѓи Дошев, Стефан Стојановски, Никола Величковски, Славче Живков, Драган Трајковски и Огнен Здравковски.
Играа уште и Мартин Илиевски, Левент Ибраим и Сандро Каровски.
Напомена, Вардар успеа со сите четири младински екипи да се пласира во 1/2 финалето на Купот, откако претходно тоа го направија пионерските екипи, како и кадетите кои вчера после изведување на пенали го елиминираа Работнички.