Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Младинците на ФК Вардар без „милост“ за Академија Пандев, струмичани заминаа дома со шест голови во нивната мрежа
Младинците на ФК Вардар без „милост“ за Академија Пандев, струмичани заминаа дома со шест голови во нивната мрежа

Младинците на ФК Вардар без „милост“ за Академија Пандев, струмичани заминаа дома со шест голови во нивната мрежа

Младинците на ФК Вардар немаа „милост“ кон екипата на Академија Пандев, на денешниот натпревар од 22.коло во Младинската Супер Лига. Избранциите на Милан Илиевски-Мичка во борбата за титулата ја победија екипата од Струмица со резултат 6:2. Младинскиот состав на овој натпревар во стартните 11 имаше дури шест играчи кои се родени 2005 година.

Целосна доминација за вардаровите надежи, кои уште во првото полувреме ги решија дилемите околу победникот. Се играше 4.минута од натпреварот кога Никола Величковски успеа да се запише во листата на стрелци за водство од 1:0. На голот претходеше акција од десната страна од каде центар шут упати Славче Живков, кој во противничкиот шеснаесетник го пронајде Величковски, а овој од прва ја заби топката во гостинската мрежа. Не поминаа ниту две минути, а голманот на струмичани беше принуден по втор пат да ја вади топката од мрежата. Овој пат после акција од левата страна, Стефан Стојановски додаде топка во шеснасетникот до Величковски кој со својот втор гол донесе предност од 2:0. После 30.минути игра, Никола Величковски запиша хет-трик зад своето име, откако погоди со глава после центар шут од десната страна на Симеон Здравковски. Вардар беше во целосна офанзива, а самиот истек на првите 45 минути, Академија Пандев повторно „капитулираше“, откако Нијаз Јусуфи погоди со прецизен удар од околу 18.метри за водство од 4:0.

Високата предност ни овозможи да играме порелаксирано во вториот дел од натпреварот. Гостите од Струмица први постигнуваат гол во овој дел од натпреварот, се играше 50.минута кога Мартин Шутевски намали на 4:1, но само пет минути подоцна, Огнен Здравковски со глава ја тресе мрежата за предност од 5:1. До крајот на мечот видовме по уште еден гол во двете мрежи. Најпрво во 72.минута Марко Стојилевски со својот прв гол денес предност од 6:1, за конечните 6:2 на натпреварот да ги постави Мартин Шутевски.

Вардар: Гоце Јовчев (К), Симеон Здравковски, Давор Серафимов, Христијан Гроздановски, Марко Стојилевски, Нијаз Јусуфи, Ѓорѓи Дошев, Никола Величковски, Славче Живков, Стефан Стојановски и Горјан Цветков. 

Играа уште и Сандро Каровски, Огнен Здравковски, Мартин Илиевски, Левент Ибраим и Абдулах Хасани.

После денешната победа, Вардар се искачи на врвот на табелата со 52 освоени бодови, додека Победа има 50 бодови ( но и натпревар помалку).