Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите на Академија Пандев подобри од Вардар
Кадетите на Академија Пандев подобри од Вардар

Кадетите на Академија Пандев подобри од Вардар

Денес на теренот во населбата Хиподром, натпревар во рамките на 22.коло одиграа кадетите на ФК Вардар кои ја пречекаа екипата на Академија Пандев. Еден гол го реши победникот, истиот го постигна тимот од Струмица, за триумф со резултат 0:1.

Вардар: Андреј Данстак, Лука Ивановски, Андреј Петровски, Кристијан Таневски, Филип Јовановски, Никола Анчевски (К), Андреј Алексоски, Леонид Миноски, Филип Блажевски, Мануел Абаз и Лука Недељковиќ. 

1 2 3

Уште во 2.минута од натпреварот екипата на Академија Пандев успеа да го отвори резултатот и да поведе со 0:1. Во првото полувреме гостинската екипа беше поконкретна, покрај постигнатиот гол имаше уште неколку обиди да го зголеми резултатот. На нашиот гол Андреј Данстак имаше неколку добри интервенции во првиот дел, додека Вардар единствената закана ја имаше од слободен удар кога биеше Филип Јовановски, но одбрани голманот на струмичани. Пред крајот на првиот дел, А.Пандев имаше уште една зрела прилика за погодок, но за наша среќа топката заврши крај голот. На полувреме се замина со резултат 0:1 во корист на гостинската екипа.

4 5 6 7 8

Во вториот дел, избраниците на Петар Ѓорѓиевски имаа два обиди да го израмнат резултатот. После нафрлена топка на Јовановски од корнер, Андреј Петровски не реагираше добро, додека обид имаше и Лука Недељковиќ, но денес не успеавме да постигнеме гол. Гостинската екипа имаше две големи шанси, кои не успеа да ги реализира, во двата наврати одбрани Данстак, но до крајот немаше друга промена на резултатот, па Академија Пандев ги освои бодовите, славејќи триумф со резултат 0:1.

Играа уште и Мартин Славев и Филип Радевски.