Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Шампањот се лади, Вардар го победи и Еурофарм Пелистер 2
Шампањот се лади, Вардар го победи и Еурофарм Пелистер 2

Шампањот се лади, Вардар го победи и Еурофарм Пелистер 2

Ракометарите на Вардар на лесен и убедлив начин го победија тимот на Еурофарм Пелистер 2 со резултат 34-23 (17-9) и сега се на само два чекори од освојување на нова титула шампион на Македонија.

Вардар започна мотивирано, добро и агресивно, па така по десетина минути игра имаше висока предност од 8-3. Убедливата игра на Вардар продолжи и понатаму, па така веќе во 20.минута ,,црвено – црните” имаа уште повисока предност од 13-7. До полувреме Вардар запиша уште неколку голови, за на пауза да се замине со предност од плус осум, 17-9. Во вториот дел Вардар само рутинирано си ја довршуваше својата задача. Противникот немаше никакви шанси да фати резултатски приклучок во натпреварот. Во 45. минута вардарци дојдоа и до плус десет, 27-17. До крајот на дуелот сите играчи во тимот на Давид Дејвис добија шанса, а на крајот Вардар победи со убедливи 34-23.

tale-rkv

Филип Талески и Тимур Дибиров беа најпрецизни кај Вардар со по шест погодоци. Во следното коло, Вардар му гостува на тимот на РК Бутел.