Вчера, ракометарките на Куманово направија голем чекор напред кон одбрана на титулата, откако славеа на гостувањето кај Вардар со минимални 25-26.
Кумановски диктираа темпо, имаа контрола на резултатот во првите 30.минути и на пауза заминаа со водство, 11-14. Избраничките на Драгана Ристова и Александар Царчев во вториот дел се вратија во игра.
Вардарки стигнаа до реми, 18-18, во беше и 24-24, но вардарки промашија пенал, потоа и зицер, па гостинките дојдоа до цел плен и победа со 25-26.
Кај Вардар се истакна Ивона Трпевска со шест гола, на голот Андреа Илиќ имаше 12.обрани.