Вардар со чудесен пресврт успеа да го победи Еурофарм Пелистер во големото финале и на тој начин да стигне до својот 15.трофеј во ова натпреварување.
Иако имаше негатива од пет голови (15:20), Вардар уште еднаш покажа карактер и на крајот славеше со резултат 23:22. Играчот на одлука беше Филип Талески кој на пет секунди пред крајот погоди за победа, додека беше и најдобар стрелец во редовите на Вардар.
На завршната церемонија покрај доделување на медалите и трофејот, беше прогласени и најкорисните играчи на овој Ф4 турнир што се играше во Кавадарци. Сите награди завршија во рацете на Вардар. Филип Талески беше прогласен за МВП, како и за најдобар стрелец на заршниот турнир, додека најдобар голман е Мартин Томовски кој во финалето собра 13 одбрани.