Младинците на Рк Вардар Јуниор го освоија второто место на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“ , кој по втор пат се одржуваше во Скопје. Оваа екипа во финалето беше поразена од тимот на Рк Вардар. Претходно во групата забележаа две победи и нерешен резултат, кои им овозможија да се борат за првото место. Беа совладани екипите на ХЈС Работник (18:17), Бутел-Вардар (30:9) и нерешено со Академија 1.
-Ние на овој турнир влеговме доста мотивирано, игравме од срце, дадовме се од себе што на крај резултираше со освојување на второто место. Моето мислење за финалниот натпревар е без разлика што Рк Вардар се поискусни од нас и повозрасни, ние ниту во еден момент не се предадовме и во поголем дел од првото полувреме имавме водство, благодарение на добрата одбрана. Го дадовме својот максиум, но нивното исксутво допринесе на крајот да го освојат првото место на овој турнир. Во групата се натпреварувавме со екипите кои се дел од академијата на Вардар, кои располагаат со квалитет и никогаш не треба да се потценат.
Наградата за најдобар пикер во генерација родени 1998/99 година, му припадна на Андреј Мицаноски од редовите на ракометниот клуб Вардар.
-Премногу ми значи наградата за најдобар пикер во младинска конкуренција. Искрено не ја очекував, но на секој натпревар влегував максимално сконцентрирано и борбено. Секој од нас имаше свој придонес за добрите игри и освоеното второ место, изјави Андреј Мицаноски за Вардар фанс.
Звонко Ивановски