Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кадетките и младинките на Жрк Вардар се пласираа во финалето на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“
Кадетките и младинките на Жрк Вардар се пласираа во финалето на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“

Кадетките и младинките на Жрк Вардар се пласираа во финалето на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“

Денес се комплетираа натпреварите од групната фаза за генерации родени 1998/99 и 2000/01 во женска конкуренција на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов. Пласман во големото финале, кое на програмата е утре обезбедија кадетките и младинските на Жрк Вардар.

Интересно е тоа што, во големото финале на генерација 2000/01 силите ќе ги одмерат двете кадетски екипи на Вардар, предводени од тренерот Анжела Платон. Рк Вардар против Рк Вардар Јуниор, во борба за првото место на овој завршен турнир. Ова е епилогот по денешните победи и на двете екипи, откако вчера истите забележаа воведни победи во првото коло.

Рк Вардар Јуниор без поголеми проблеми славеше во дуелот со Карпош-КУманово со резултат 22:6, додека Рк Вардар по голема борба подобро се снајде во финишот, совладувајќи го тимот на Делчево со резултат 18:17. Во првото коло Рк Вардар Јуниор беше подобар од Рк Вардар-Виница (13:9), Рк Вардар пак го победи Рк Шампион со конечни 25:1. Финалниот меч помеѓу двете кадетски на Жрк Вардар ќе се одигра утре во С.Р.Ц. Кале со почеток од 15 часот.

Младинките со денешниот триумф против Академија 2, обезбедија пласман во големото финале во генерација родени 1998/99 година. Утре за првото место ќе се бориме со тимот на Ѓорче Петров. Натпреварот ќе се одигра во малата сала на Јане Сандански, со почеток од 11:30 часот.