Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Атлетика: Збиена агенда на Завировски во следниот период
Атлетика: Збиена агенда на Завировски во следниот период

Атлетика: Збиена агенда на Завировски во следниот период

 Нашиот, Петре Завировски во следниот период има  попорилично „набиена агенда“ за настапи. Вардаровиот атлетичар во период од три викенди ќе настапи на  дури три трки во три различни градови: Струга, Скопје и Охтид.

Започнува во недела во Струга на трката на поезијата. Веројатно тука ќе се обиде да ја спушти границата од 35 минути на 10км. Веќе  следниот викенд во финалето на Купот на  Република Македонија ќе настапи само на трката на 5.000 метри. На овој настап кој ќе се одржи на арената „Филип Втори“ во Скопје  ќе има  цел за резултат под 17-00 минути.

На 5 јуни во повторно има трка крај охридското езеро, овој пат во градот  Охрид каде  ќе настапи на 21км. Една од најинтересните патеки за трчање. Патека која не е многу брза, но е живописна. Формата на Завировски е добра, можеме да очекуваме одлични настапи и исполнување на целите кои ги има зацртано.