Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Моралес и идната сезона дел од Вардар!
Моралес и идната сезона дел од Вардар!

Моралес и идната сезона дел од Вардар!

РК Вардар 1961 продолжува да биде активен на ростерот за идната натпреварувачка сезона. Еден од најдобрите играчи на ,,црвено – црните” сезонава, еден од најзаслужните што Вардар ќе ја одбрани титулата во домашниот шампионат, десниот бек Јоел Куни Моралес ќе остане дел од тимот од Скопје и во новата натпреварувачка сезона.

Со оние партии кои ги пружаше, посебно добар беше и во Лигата на шампионите, Моралес заслужи нов договор со шампионот на Македонија.

Кубанецот во новата сезона ќе има супер добар ракометар на истата позиција во името на Нејц Цехте кој доаѓа од Бундеслигата.