Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Супер засилување: Дуарте е ,,црвено – црн”
Супер засилување: Дуарте е ,,црвено – црн”

Супер засилување: Дуарте е ,,црвено – црн”

Португалецот Дуарте го засилува Вардар!!!
 .
За следната сезона нов играч во Вардар ќе биде и португалскиот интернационалец Жилберто Дуарте кој потпиша договор со актуелниот македонски првак. Тој игра на позицијата лев бек а доаѓа од екипата на Монпелје од Франција.
 .
Дуарте (197 см. 31 год.) е првиот Португалец што ќе настапува за Вардар. Со Монпелје играше сезонава во Лигата на шампионите и постигна 24 гола. Претходно има настапувано и за екипите на Порто (Португалија), Висла Плоцк (Полска) и Барселона (Шпанија).
 .
За новата сезона Вардар веќе ги потпиша средниот бек Божо Анѓелиќ од Црна Гора и десниот бек Нејц Цехте од Словенија.