Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дибиров нема да биде сам, во Вардар доаѓа нов Русин!!!
Дибиров нема да биде сам, во Вардар доаѓа нов Русин!!!

Дибиров нема да биде сам, во Вардар доаѓа нов Русин!!!

Управата на Вардар полека но сигурно го составува ростерот за идната натпреварувачка сезона. По Дуарте, нов играч на Вардар ќе биде и Павел Андреев од Русија.

Станува збор за кружен напаѓач кој  има 29-години (194/105), доаѓа од рускиот шампион Чеховски Медведи, каде што игра од 2006 година, но од 2014 во првиот тим, а потекнува од Санкт Петербург. За националниот тим на Русија настапува од 2019 година и беше дел од две ЕП и две СП.

Андреев ќе му прави друштво на Дибиров во новата сезона како играчи до Русија.

Да потсетиме дека Вардар покрај со овој двајца играчи, се засили со Цехте и Анѓелиќ. Во текот на утрешниот ден очекуваме официјална потврда од Вардар за овој трансфер.