Девојките на ЖОК Вардар ЕМ се дел од баражот за Првата лига, тие како 2.пласирани во 2.лига се сретнуваат во истиот со тимот кој е предпоследен во првата лига, екипата на ЖОК Пелистер.
Во првиод натпревар во Скопје, гостинките во еден изедначен дуел успеаа да финишираат подобри и победија со 1-3. На реваншот за пополнување на последното место во елитата вардарки гостуваат во Битола. Дуелот е закажан за 23.мај, понеделник со почеток во 19-00 часот.
Истиот ќе се игра во салата СС „Д-р Јован Калаузи“ во Битола.