Одличната кампања во Европската младинска кошаркарска лига им донесе индивидуални признанија на играчите на Вардар кои на крајот го освоија четвртото место.
Во идеалната петорка на европското младинско натпреварување, во конкуренција на кошаркари до 14 години, се најдоа Жарко Терзиевски и Григориј Ѓорѓевиќ кои забележаа одлични настапи.
Терзиевски беше МВП на турнирот во Радом и во топ-5 на турнирот во Будимпешта, а ја заврши сезоната со просек од 20,8 поени и индекс 19,3. Ѓорѓевиќ просечно постигнуваше по 17,3 поени и имаше индекс 21,4.
Мала неправда е направена кон Љубен Ефтимовски кој е во втората петорка иако беше МВП на турнирот во Шопрон, а има просек од 25,9 поени и индекс 24.