Вардар ја завери и 15.титула во домашното првенство, што е седма по ред за црвено-црните. Вардар уште еднаш докажа дека е неприкосновен владател во Македонија, освојувајќи ја сезонава двојната круна.
Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, му го врачи трофејот на Борко Ристовски, а следеше и церемонија на доделување на медалите после победата против Тиквеш, натпревар кој беше последен за сезонава.