Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Двајца кошаркари на Вардар во идеалната петорка на сезоната во EYBL
Двајца кошаркари на Вардар во идеалната петорка на сезоната во EYBL

Двајца кошаркари на Вардар во идеалната петорка на сезоната во EYBL

Одличната кампања во Европската младинска кошаркарска лига им донесе индивидуални признанија на играчите на Вардар кои на крајот го освоија четвртото место.

Во идеалната петорка на европското младинско натпреварување, во конкуренција на кошаркари до 14 години, се најдоа Жарко Терзиевски и Григориј Ѓорѓевиќ кои забележаа одлични настапи.

Терзиевски беше МВП на турнирот во Радом и во топ-5 на турнирот во Будимпешта, а ја заврши сезоната со просек од 20,8 поени и индекс 19,3. Ѓорѓевиќ просечно постигнуваше по 17,3 поени и имаше индекс 21,4.

Мала неправда е направена кон Љубен Ефтимовски кој е во втората петорка иако беше МВП на турнирот во Шопрон, а има просек од 25,9 поени и индекс 24.