ЖРК Вардар се засили со одличен ракометат, старо-ново име на црвено-црниот тим е Гроздановска Ангела. Девојката која ги мина сите селекции на вардарки, беше дел од првиот состав на пионерската екипа која освои Пехар во својата конкуренција и ја прекина диминацијата на Металург, потоа играше за кадетките, младинките и сениорките на Вардар.
Популарната „Грозде“ беше дел од развојот на оваа сегашна генерација која ја водеше Ристова од пионерки до сениорки се до 2020 година кога мина во тимот на Спартак од каде се враќа повторно „дома“. Имаше настапи и за македонската кадетска репрезентација на ЕХФ Шампионатот во Италија. Тоа е играч кој неминовно ќе го подигне квалитетот на играта на црвено-црните дами, адаптанцијата ќе биде лесна, бидејќи со голем број на девојки има поладецениска соработка од претходниот престој во нашиот тим.
Во тимот од Кисела Вода за две години израсна во лидер на екипата, најдобар и најефикасен поединец во сениорската и младинската конкуренција каде што настапуваше. Доаѓа во Вардар како прв стрелец во Спартак, и најдобар и најефикасен играч во плеј-аут сегметот оваа сезона. Покрај изразитите дефанзивини вештини, овие две години ги подобри и офанзивните сега станува збор за одличен, модерен играч кој може да игра во два правци. Ќе ја пополни конкуренцијата на десната бековска позиција каде што вардарки беа секогаш во дефицит при ротацијата, позиција која всушност слабо е покриена во поголем број од мак.екипите.
Гроздановска Ангела е моментално во топ-3 најдобрите стрелци во целата лига (плеј-оф и плеј-аут, сегментот), зад своето име досега впиша постигнати 200.погодока на коло до крајот на првенството.
Вардар веќе продолжи неколку договори на девојките од „костурот“ на тимот за кој наскоро ќе ве информираме, засега покрај тренерот Ристова сигурни се две заминувања, на еден пикер и еден играч од бековската линија.