Ракометарите на Вардар откако по 15 пат ја освоија титулата на Македонија се ,,распуштија”, a сега остана делот на управата на Вардар, да договори нови играчи за идната сезона и да го направи тимот уште посилен од оваа.
Тимот веќе полека но сигурно го добива својот лик. Крилните позииции и голманите се познати и за идната сезона, па останува да се комплетира ростерот помеѓу шутерите.
Погледнете како изгледа ростерот на Вардар во овој момент за идната сезона:
Голмани: Томовски, Ристовски, Гогов
Леви крила: Дибиров, Чувара
Десни крила: Георгиевски, Ѓукиќ
Кружни напаѓачи: Андреев, Стоилов
Десни бекови: Цехте, Моралес
Средни бекови: Гаџа, Карапалевски, Анѓелиќ
Леви бекови: Дуарте, Талески, Мишевски