Вториот контролен напревар на Македонија и Австрија до 17 години, заврши со нерешен резултат 1:1.
Двата гола паднаа во првото полувреме од натпреварот, избраниците на Тони Јакимовски први успеаа да го отворат резултатот и да поведат со 0:1, додека на десет минути пред крајот на дуелот, домашната репрезентација го израмни резултатот на 1:1.
Во стартните 11 на овој втор пријателски натпревар, беа Марко Стојилевски и Ѓорѓи Дошев, додека во игра во вториот дел влегоа и Никола Величковски и Давор Серафимов.