Вчера во салата „Круме Кепески“ во последното, 10.коло од кадетската група-А, вардарки ја пречекаа екипата на Шампион. Девојките на Платон и Папуџиева дојдоа до победа со резултат 29-23 (14-12).
На почетокот беше реми 2-2, потоа почнаа гостите да создаваат предност, поведоа со 3-5 а потоа водеа и со три плус при резултат 5-8 за нив, тие имаа повеќе од играта, ние не можевме да влеземе во ритам. Платон направи неколку измени, на голот ја уфрли Вероника Ѓорѓиевска која влезе во игра и почна заедно со остатокот од тимот да ја подобри нашата игра во одбрана. Вардарки влегоа во серија и доминираа, со серија 7-1 направивме целосен пресврт и поведовме со 12-9. На одмор заминавме со предност од два гола, односно со резултат 14-12.
.
Продолжи нашата добра игра во поле, успеавме да отидеме на шест гола позитива, при резултат 20-14, се беше решено уште во тој момент, ние доминиравме ја имавме под контрола оваа средба. До крајот игравме гол за гол, шестте гола предност ги задржавме до последната судиска свирка, ние победивме со резултат 29-23
Вардар: Сара Стојaнова 6 гола, Теодора Ангелова 5 гола, Сара Стефановска 4 гола, Бојана Радевска 3 гола, Борјана Коцева 3 гола, Нина Попова 3 гола, Бојана Коцева 2 гола, Наталија Максимовска 2 гола, Јана Равојска 1 гол и Михаела Велјановска 1. гол. Вероника Ѓорѓиевска 11.одбрани, Тамара Ѓорѓиева 4.одбрани.