Поради настаните и војната во Украина, раководството на СЕХА – лигата го „замрзна“ ова натпреварување, во кое што учествуваат и РК Вардар 1961. Продолжувањето беше под знак прашање, сега има најави за такво нешто и тоа од изјавата на Борис Сапожников, инаку потпретседател на ова натпреварување.
Тој во изјава за специјализираниот портал за ракомет “Брз Центар“ на таа тема изјави:
“Планираме сезоната да продолжи и да ја комплетираме до септември. Веќе е закажан Ф4 турнирот. Поради фактот дека тимот на Мотор не може да се натпреварува, СЕХА лигата ќе продолжи со 9 екипи“.