Ракометната репрезентација на Македонија ова лето ќе се натпреварува на Медитеранските игри во Алжир со женската и машката А-Селекција. Селекторите Кирил Лазаров и Љубомир Савевски се реши за комбинирани состави. Во двете селекции има голем број на играчи од ракометнете клубови Вардар.
Веќе се познати и противниците на машката селекција на Македонија за овој турнир. Среќата посака избраниците на Лазаров да се најдат во групата Б и ќе се судрат со Шпанија, Турција, Грција и Алжир.
Женската репрезентација на Македонија се најде во групата Б, заедно со соседот Србија, Португалија и Турција.
Во групата А ќе бидат домаќинот Алжир, како и селекциите на Шпанија, Тунис и Хрватска.
Медитеранските игри започнуваат на 26 јуни, а избраничките на селекторот Љубомир Савевски ќе ги започнат подготовките на 13 јуни.