ЕХФ го објави изборот на играчи кои ќе конкурираат за најдобриот тим во Лигата на Шампионите за натпреварувачката сезона 2021/22. Гласањето ќе трае до 15.јуни, а во изборот се најде само еден ракометар на Вардар, се работи за Тимур Дибиров.
Дибиров е номиниран на позицијата лево крило, а негова конкуренција се Хампус Ване (Фленсбург), Хуго Дескат (Монпелје), Дилан Нахи (Киелце), Мануел Штрлек ( Веспрем) и Себастиан Фримел ( Фленсбург).
Гласањето ќе се одвива преку интернет апликацијата https://app.eurohandball.com