Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардар во петок домаќин на Сани 14 на дуел од 1/4-финалето во кадетската лига
Вардар во петок домаќин на Сани 14 на дуел од 1/4-финалето во кадетската лига

Вардар во петок домаќин на Сани 14 на дуел од 1/4-финалето во кадетската лига

Кадетките на ЖРК Вардар по доминацијата во Групата-А каде што завршија како лидери на табелата со максимални 30.бода по 10.коло ќе играат 1/4-финале кое на програмава е оваа недела.

Ние како првопласирани ќе играме на домашен терен, 1/4-финалето се игра еден дуел кој ќе го даде патникот на завршниот Ф-4 турнир. Ривал во овој натпревар ни е екипата која заврши на позицијата број три во другата група, тимот на РК Сани 14. Средбата е закажана за петок (3.јуни,2022) во салата „Круме Кепески“ со почеток во 17-00 часот.