Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > ШАМПИОНИ КУП! ПОМ.ПИОНЕРИ НА ВАРДАР СО ПОБЕДА ВО ФИНАЛЕТО, ГАШТАРОВ ДОНЕСЕ ДВОЈНА КРУНА ВО 91.МИН (ВИДЕО)
ШАМПИОНИ КУП! ПОМ.ПИОНЕРИ НА ВАРДАР СО ПОБЕДА ВО  ФИНАЛЕТО, ГАШТАРОВ ДОНЕСЕ ДВОЈНА КРУНА ВО 91.МИН (ВИДЕО)

ШАМПИОНИ КУП! ПОМ.ПИОНЕРИ НА ВАРДАР СО ПОБЕДА ВО ФИНАЛЕТО, ГАШТАРОВ ДОНЕСЕ ДВОЈНА КРУНА ВО 91.МИН (ВИДЕО)

Денес се одигра финалето во Купот на Република Македонија за помлади пионери. На натпреварот кој се играше на Градски стадион во Струга, ФК Вардар се сретна со тимот на ФК Победа. На оваа средба избраниците на Сашо Јанев, дојдоа до победа со одлична и борбена игра. Вардар го освои Купот со резултат 3-2.

Оваа генерација предводена од Саше Јанев дојде до „Двојната круна“ минатата недела во Тетово им беше врачен пехарот за освоеното прво место и во  Супер лигата за помлади пиионери.

Првиот дел започна со наша теренска инцијаатива, во ова финале посакувавме да поведеме први и во раната фаза од натпреварот. По десет минути игра топката дојде до  Алији Алтин, нашиот играч ја спроведе зад грбот на голманот на прилепчани, Паскоски Андреј за голема радост и предност во финалето од 1-0. Противникот немаше што да изгуби тргна офанзивно со цел да ја врати резултатската симетрија на оваа средба. Во 16.минута црвено-белите го вратија овој меч на почеток, изедначија на 1-1 и двата тима беа исто „одалечени“ од Пехарот. Сепак вардарци повторно ја заиграа својата игра, атакуваа кон голот на Победа.  Повторно таличен за ривалот беше Алији Алтин, со неговиот втор гол денес повторно донесе предност овој пат од 2-1 во 25.минута. Се покажа овој разултат како конечен за првите 45.минути.

Вториот дел на ова големо финале започна со претпазлива игра, ние имавме предност, која беше минимална и не гарнираше сигурност. Двата тима имаа свои шанси во текот на вториот дел кој не ги реализираа. Се играше 79.минута, противникот успеа да изедначи по втор пат денес, Победа постигна гол за реми 2-2 и донесе неизвесност во финишот. Претходно во 75.минута од клупата тренерот Јанев уфрли „џокер“, во игра влезе, Гаштаров Матеј токму тој играч го реши финалето. Гаштаров во 91.минута стрелаше за 3-2, голема беше радоста на црвено-црните момци. Со неговиот гол дојдовме до двојна круна.

a2

.285134465_2265881443559626_2844925798430105410_n

Состав ФК Вардар: Данчевски Данстак Андреј , Николов Михаил, Ајетовиќ Нуман, Миовски Александар, Јанкоски Драган, Порчу Димитар (К), Николовски Марко , Величковски Андреј , Алији Алтин, Сековски Дарко и Лефковски Давор.

Во игра во ова големо финале влегоа: Гаштаров Матеј, Алексовски Дамјан, Коловски Стефан и Нурединовски Алтин.

Видеото од подигањето на денешниот пехар и приемот на медалите може да го погледнете ОВДЕ!