После две сезони поминати во црвено-црниот дрес, Патрик Валчак, го напушта Вардар и се сели во Португалија.
„Беше неверојатно. Овие две години ми претставуваа голема чест. Никогаш нема да ги заборавам луѓето со кои работев и што научив благодарејќи на нив. Ви благодарам на сите“, напиша Валчак на социјалните мрежи.
Валчак заминува во екипата на Спортинг Лисабон, а негова замена во Вардар ќе биде русинот Андреев.