Младата репрезентација на Македонија до 18 години во периодот од 1 до 9 јуни ќе учествува на силниот меѓународен пријателски турнир во Терме Чатеж, Словенија.
На силниот турнир во Словенија, Македонија ќе одигра два меча против домаќинот, Словенија и селекцијата на Полска.
Првиот дуел го играме на 4. јуни против Полска, на стадионот Кршко со почеток од 18. часот.
Против домаќинот, репрезнтацијата на Словенија, силите ќе ги одмери на 9. јуни. Натпреварот ќе се одигра во 11. часот во Терме Чатеж.
За овие натпревари, селекторот на Македонија упати повик до еден вардаров играч. Се работи за Стефан Стојановски, додека поради повреда натпреварите ќе ги пропушти Марио Ричков.