Најновата гордост на Фудбалскиот Клуб Вардар е изградбата на академијата за дечиња до 12 години која ќе се изгради зад арената “Филип Втори“ .
Академија за дечиња до 12 год, е прва од ваков тип на овие простори .Како што стои во извештаите на клубот академијата ќе има три фудбалски игралишта, соблекувални по највисоки стандарди, кафетерија каде родителите за прв пат ќе имаат можност да ги следат своите дечиња како работат во услови кои доликуваат на европски клуб, музејска поставка на трите клубови кои ги поседува г-н Сергеј Самсоненко, предавални, канцеларии за тренерите во младинските категории.
Ние како Вардар Фанс го подржуваме овој проект на клубот бидејќи е значаен за младинскиот фудбал. Заедно со новиот спонзор Витаминка која како што изјави на пресконференцијата г-н Симев ќе вложува токму во најмладите членови на ФК Вардар. Исто така ја поздравуваме идејата за изградба на три трофејни соби за сите три клуба каде ќе може да се запознае јавноста со трофеите на најголемиот Македонски спортски бренд -Вардар.