Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФК Вардар во ПМФЛ:Појаснување на системот на натпреварување во сезоната 2014/15

ФК Вардар во ПМФЛ:Појаснување на системот на натпреварување во сезоната 2014/15

ФК Вардар во првото пролетно коло ќе се сретне со тимот на кратовски Силекс во 18 коло. Потоа следат нови 9 кола по новиот систем за натпреварување во ПМФЛ кој сега брои 10 екипи.Затоа ви го преставуваме системот кој е непознат за публиката и кој е доста комплексен. Со одлука на ФФМ првата лига во оваа сезона 2014/15 првпат во својата историја брои само 10 клуба по испаѓањето на 4 екипи и влегувањето на Тетекс и Силекс од втората лига како нејзин шампион. Инересно е што дел од екипите ќе одиграат 32 кола т.е. тие кој ќе се борат за титулата позиционирани од 1 до 6 место на табелата, а во т.н. плеј-аут група ќе се одиграат 33 кола за тимовите кој се борат за опстанок во елитата.
Во правилникот на ФФМ за натпреварувачката сезона 2014/15 вака се уредени правилата :
-Натпреварите се играат по Бергеров систем, во четири круга(циклуси). Во првите два круга се применува класичен Бергеров систем (дома-гости) . Во третиот круг се применува
Словенечкиот Бергеров систем со повластени клубови согласно остварениот пласман по 18-то коло.
Четвртиот круг се игра во две групи од кои:
– во првата група клубовите се натпреваруваат по класичен еднострук Бергеров систем во пет кола и учество земаат првите шест пласирани екипи на табелата по завршување на третиот круг.
– во втората група клубовите се натпреваруваат по класичен двострук Бергеров систем во шест кола и учество земаат екипите пласирани од седмо до десетто место на табелата по завршување на третиот круг.

fk

фото:фквардар.мк

Одредување на конечен пласман е по следниве правила:
– По одигрување на првите два круга односно по завршување на 18-то коло се утврдува табела со пласман.
– Согласно табелата со утврден пласман по 18-то коло се игра трет круг со 9 кола со повластени клубови (1-6; 2-7; 3-8; 4-9; 5-10 итн) до завршување на 27-то коло.
– По завршување на 27 коло- третиот круг , се прави табела со пласман,
екипите согласно пласманот се делат во две групи кои учествуваат во четвртиоткруг на следниот начин:
а) во првата група (Play off) клубовите се натпреваруваат по класичен еднострук Бергеров систем во пет кола и учество земаат првите шест пласирани екипи натабелата по завршување на третиот круг. По завршување на четвртиот круг се изготвува табела.
б) во втората група (Play out) клубовите се натпреваруваат по класичен двострук Бергеров систем во шест кола и учество земаат екипите пласирани од седмо до десетто место на табелата по завршување на третиот круг. По завршување начетвртиот круг се изготвува табела.
– Конечниот пласман од прво до шесто место се добива кога на табелата од Play-off групата се пренесуваат бодовите освоени заклучно со третиот круг.
– Конечниот пласман од седмо до десетто место се добива кога на табелата од Play out групата се пренесуваат бодовите освоени заклучно со третиот круг.
Правилата се комплицирани на прв поглед се надеваме дека малку ви ги доближивме ФФМ имаше еден обид за ваков систем на поделба на лигата на тимови кој се борат за висок пласман и за опстанок првата година по кратењето на 12клуба кога се покажа како погрешна и се премина на трикружен систем со 33меча ,се надеваме дека ФФМ ќе се одлучи за помалку комплициран систем односно четирикужен и ПМФЛ би имала 36 кола 4 повеќе од досегашите 32 а би бил многу поправеден и поедноставен.

Leave a Reply