Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Без бодови за кадетите од средбата со РК Војводина на турнирот „Марко Божиновски“
Без бодови за кадетите од средбата со РК Војводина на турнирот  „Марко Божиновски“

Без бодови за кадетите од средбата со РК Војводина на турнирот „Марко Божиновски“

Вчера,  тимот на РК Вардар 1961 до 18.години на  меморијалниот турнир „Марко Божиновски“, кој е посветен на прерано починатиот ракометар, црвено-црните  го одиграат последниот дуел од групната фаза. Ривал на вардарци беше  тимот од Србија, екипата на РК Војводина.

Натпреварот го доби нашиот ривал, тие остварија победа со резултат 41-26.  Ние на почетокот поведовме со 0-1, потоа србите успеа да направат пресврт и да поведат со 5-7 во 9.минута, по што Пепи Манасков побара минута одмор со цел да го спречи нивниот налет. За жал не успеавме во тоа тие од минута во минута се одлепуваа,  па на одмор заминаа со високи 13.гола позитива.

За време на паузата беше 11-25 за тимот на Војовидина, во вториот дел продолжи истиот тренд. Они ја имаа контролата на мечот и дојдоа до победа со 15.гола повеќе, односно со резултат 41-26. Ние во групата од три одиграни дуели имаме скор од една победа и два пораза, денес очекуваме комплетирање на натпреварите во нашата група па ќе знаеме попладне во кој дуел за пласман ќе настапиме.