Македонскиот борец, вардарецот Магомегаџи Нуров кој има одличен период во својот живот, пред само неколку дена славеше против Турчинот Фејзулах Актуркво категоријата до 97 килограми слободен стил и го освои златниот медал на Медитеранските игри во Алжир, вчера стана и татко.
БК Вардар на олимпиецот му ја честиташе приновата во семејството, односно ново родениот син. Тие на малиот Осман му посакуваат здравје и весело детство, а на Нуров многу успеси на семеен и профисионален план.