Фудбалерите на Вардар се веќе во Охрид, каде од денес ги започнуваат главните подготовки пред стартот на новата сезона во Втората македонска фудбалска лига. Црвено – црните се екипираа во Охрид, каде денес имаат и еден тренинг, а утре ќе одиграат и прв контролен дуел.
Утрешниот контролен дуел ќе биде против тимот на ГФК Охрид Лихнидос и тоа од 17:30 часот. Ќе се одигра по малку поразличен формат, односно две полувремиња по еден час.
Освен овој натпревар, Вардар во Охрид ќе одигра и против два други тимови, а ќе има и дуел против Пелистер но не во Охрид.