Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Четири вардарки на списокот за настап на СП
Четири вардарки на списокот за настап на СП

Четири вардарки на списокот за настап на СП

Селекторот на женската кадетска ракометна репрезентација, Љубомир Савевски го објави списокот на повикани ракометарки за собир за настап на претстојното Светско ракометно кадетско женско првенство за девојчиња до 18 години. На списокот има четири вардарки, сестрите Коцеви, крилото Равојска и Стефаноска.

Македонија е домаќин на овој планетарен собир кој што стартува на 30 јули, а ќе трае до 10 август. На турнирот ќе учестуваат 32 репрезентации, а Македонија ќе игра во групата Б, а противници ќе ни бидат Иран, Сенегал и Узбекистан.

Натпреварите ќе се играат во три сали во Скопје и во СЦ „Борис Трајковски” и двете сали во СЦ „Јане Сандански”, влез – слободен.

spisok-savevski

Распоред и термини на натпреварите на Македонија:

30.07 – Македонија – Сенегал – 20:30 часот – СЦ „Борис Трајковски”
31.07 – Македонија – Узбекистан – 20:30 часот – СЦ „Борис Трајковски”
02.08 – Македонија – Иран – 20:30 часот – СЦ „Борис Трајковски”