Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар пристигна во Охрид, утре дуел во поразличен формат со ГФК Охрид

Вардар пристигна во Охрид, утре дуел во поразличен формат со ГФК Охрид

Фудбалерите на Вардар се веќе во Охрид, каде од денес ги започнуваат главните подготовки пред стартот на новата сезона во Втората македонска фудбалска лига. Црвено – црните се екипираа во Охрид, каде денес имаат и еден тренинг, а утре ќе одиграат и прв контролен дуел.

Утрешниот контролен дуел ќе биде против тимот на  ГФК Охрид Лихнидос и тоа од 17:30 часот. Ќе се одигра по малку поразличен формат, односно две полувремиња по еден час.

Освен овој натпревар, Вардар во Охрид ќе одигра и против два други тимови, а ќе има и дуел против Пелистер но не во Охрид.