Вчера сите играчи на РК Вардар имаа лош ден. Репрезентациите на нашите играчи загубија на сите три средби. Репрезентацијата на Хрватска беше поразена од селекцијата на Норвешка со резултат 34:31. Нашите играчи Циндриќ и Карачиќ настапија на овој дуел. Циндриќ постигна 2 погодоци, додека пак Карачиќ постигна еден погодок.
Селекцијата на Србија загуби од Светскиот правак селекцијата на Франција со резултат 36:26. На оваа средба нашите играчи Марсениќ и Абутовиќ настапија на дуелот. Марсениќ постина еден погодок, додека пак Абутовиќ играше повеќе во одбраната на Србија.
Нашата репрезентација на Македонија загуби несреќно од домаќинот Полска. Нашите момци загубија со резултат 23:24. Нашата ”тројка” играчи настапи на овој натпревар. Манасков, Стоилов и Лазаров постигнаа по еден погодок, за слабо ефикасно издание. Се надеваме дека нашите играчи повеќе ќе бидат расположени на следниот натпревар, токму против селекцијата на Србија.