Вчера во С.р.ц “Кале“ се одигра финалниот дуел во кадетска конкуренција на женскиот дел од турнирот “Вардар -еден живот, една љубов“. Во финалето за ракометарки од генерацијата 2000/01 се сретнаа двете кадетски екипи на Вардар, предводени од тренерот Анжела Платон Рк Вардар и Рк Вардар Јуниор. Екипата на РК Вардар го победи Јуниор со резулат 23-11. Од овој дуел како и доделувањата на признанијата за најдобрите вардарки погледнете го во продолжение низ нашата фотогалерија.