Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Прво и трето место за пионерките на Рк Вардар, на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“
Прво и трето место за пионерките на Рк Вардар, на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“

Прво и трето место за пионерките на Рк Вардар, на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“

Пионерките на ракометниот клуб Вардар предводени од поранешната репрезентативка Драгана Пецевска-Ристова освоија прво и трето место на завршниот турнир “Вардар, еден живот, една љубов“ за генерација родени 2002/2003 година.

Рк Вардар Јуниор на крајот завршија како третти, откако во борбата за ова место беа поуспешни од екипата на Академија 1. Рк Вардар пак на крајот успеаа да го освои турнирот, откако во финалето беа подобри од екипата на Ѓорче Петров, што всушност беше втор триумф над овој противник на турнирот. Претходно се сретнаа во групната фаза. На овој финален дуел, имавме можност да гледаме две реазлични полувремиња. Иако по првото полувреме имавме негатива од шест голови 2:8 и се мислеше дека Рк Ѓорче ќе биде освојувач на турнирот, во второто полувреме избраничките на Пецевска направија голема пресврт. Полека, но сигурно ја “топеа“ предноста на противникот, успевајќи дури и да поведеме со резултат 12:10. Во последниот период од играта, нашите млади надежи имаа два играчи помалку во терен, откако добивме искулучување по две минути. Тоа максимално го искористи Рк Ѓорче за да го израмни резултот и да го приведе ова големо финале кон изведување на пенали. После изведување на ударите од седум метри, поуспешна беше екипата на Рк Вардар за голема радост на девојчињата.

vardarfans-trofejot-za-pionerkite

На свеченото затварање на турнирот, беа свечено доделени наградите за најдобрите поединци. Во идеалниот тим на завршниот турнир се најдоа Ангела Костовиќ како десен бек и Ива Ангеловска на позицијата лево крило. Признанието за најдобар голман го доби Јована Трајковска од редовите на Вардар.

vardarfans turnir