Утре на стадионот во с.Црно Буки, меморијален натпревар во чест на „Трајан Кочишки Куља“, ќе одиграат вечните ривали, екипите на ФК Вардар и Пелистер. Натпреварот ќе се одигра со почеток од 17:30 часот.
Вардар се наоѓа во Охрид, каде ги одработува подготовките во пресрет на новата натпреварувачка сезона. Ова ќе биде четврти контролен натпревар за избраниците на Бобан Грнчаров, откако претходно игравме против Локомотива (3:0), Скопје (0:1) и ГФК Охрид (0:0).