Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Завировски во подготовки за маратон (42.195км)
Завировски во подготовки за маратон (42.195км)

Завировски во подготовки за маратон (42.195км)

На 2 октомври во Скопје низ Скопските улици ќе се одржи Скопскиот Маратон. Нашиот, Петре Завировски ќе има “профи сефте” на маратонската трка (42.195км).

Во Маратонот стартот ништо не значи но има некоја сила која ѓи влече маратонците напред уште од самиот почеток. Со посебен пиетет треба да се гледа кон маратонците. По 5 месечна пауза од атлетските настани каде во првиот дел на сезоната Завировски беше брилијантен одново на 2 октомври ќе можеме да го гледаме на патеката. Cе одлучи целосно да се посвети на маратонот во меѓувреме да не настапува на други трки. Да излезе максимално подготвен на мегдан на најтешката спортска дисциплина. Дисциплина која не се споредува со ниту една друга. Фактот дека маратонот е главната дисциплина на олимписките игри доволно говори за тежината. Тој претставува врв на олимпизмот и човештвото. Над човечките напори кои ги вложуваат маратонците ѓи става во редот на одбрани спортисти. Само маратонот е маратонот веројатно си мислат маратонците.

Периодов се чувствувам навистина прекрасно, ред се поради подготовките за маратонот. Тоа е моја желба од по одамна, на пократките патеки за оваа сезона ѓи исполнив моите цели и решив да се фокусирам на маратонот. Најубавото чувство за мене е кога трчам долго-вели Завировски.

Инаку Завировски одработува одлични тренинзи и покрај суровите амбиентални услови покажува одлични високи перформанси на контролните тренинзи. Во маратонот не можеме да очекуваме ништо но му посакуваме среќен пат на нашиот Завировски кој во црвено црното семејство рамо до рамо стои во редот на најверните Вардарци. Ова е негова 13 сезона во дресот на Вардар.