Tuesday ,19 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Стојменов со прв гол на ЕХФ Шампионатот, Македонија подобра од Летонија
Стојменов со прв гол на ЕХФ Шампионатот, Македонија подобра од Летонија

Стојменов со прв гол на ЕХФ Шампионатот, Македонија подобра од Летонија

Кадетската ракометна репрезентација на Македонија ја забележа и третата победа на ЕХФ Шампионатот во Летонија. Избраниците на Раде Стојановиќ беа подобри од репрезентацијата на Летонија.

Победникот беше решен уште по првото полувреме, кога Македонија имаше водство од 21:12. Оваа позитива ја задржавме и во вториот дел од натпреварот, за конечни 33:23.

Првиот гол на овој ЕХФ Шампионат го постигна вардаровиот пикер, Александар Стојменов, додека Марио Стојановски и на третиот натпревар се запиша во листата на стрелци, постигнувајќи еден гол.

Селекцијата на Луксембург ќе биде наш противник во полуфиналето, натпревар кој ќе се одигра во сабота со почеток од 15:00 часот.