Tuesday ,19 March 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Грујовска потпиша за ЖРК Куманово

Грујовска потпиша за ЖРК Куманово

298405507_488953923178951_3332580190120635742_n

Еден од најталентираните млади голмани во земјава, Симона Грујовска и ЖРК Вардар  како што ви објавивме пред десетина дена, ставија крај на соработката која траеше повеќе од половина деценија. На младиот 18.годишен голман и на црвено-црните им се разделија патиштата.

Грујовска  која помеѓу другото го имаше  признанието „најдобар голман“ во сениорска конкуренција на Куп завршницата во Куманово и беше најмлад голман со сениорско признание замина токому во тимот против кој го освои истото. ЖРК Куманово е нејзина нова дестинација каде ќе го продолжи својот ракометен пат.

Тимот на Куманово на официјалната нивна страница ја објави оваа вест, каде се вели:

Почитувани фанови,
Ви го претставуваме новото засилување на ЖРК Куманово, голманот Симона Грујовска.
Грујовска е поранешен играч на ЖРК Вардар и е на поширокиот список на репрезентацијата на Македонија.
Добредојде Симона!
#плавобелосемејство
#жрккуманово