Утре требаше да стартува новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, арно ама од тоа нема ништо, па така Вардар ќе одигра натпревар, ама од пријателски карактер.
Утре во скопската населба Маџари со почеток од 17.00 часот ,,контрола” ќе одиграат нашиот Вардар и тимот на Локомотива од Скопје.
Ова ќе биде последна можност за Грнчаров да ги воигра сите играчи пред стартот на новата сезона, која се надеваме дека ќе започне барем идната недела.