Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Талески: Турнирот во Струга ќе биде „тест“ за она што не очекува во новата сезона
Талески: Турнирот во Струга ќе биде „тест“ за она што не очекува во новата сезона

Талески: Турнирот во Струга ќе биде „тест“ за она што не очекува во новата сезона

Вардарци се подготвуваат за новата сезона, а првиот тест ќе биде турнирот во Струга кој ќе се одржи во периодот од 16-20.август. Црвено-црните се во група со екипите на Алкалоид, Целје и Бутел, а турнирот го отвараме на 16.август со натпревар против екипата на Алкалоид.

Во пресрет на новата сезона и турнирот во Струга, свои очекувања даде Филип Талески.

-Поминаа неделите на физичка подготовка. Сега се фокусираме на тактиката и се подготвуваме за турнирот во Струга. Ќе има убав ракомет и доста квалитетни екипи. Првиот меч ни е против Алкалоид. Се работи за сериозна екипа со квалитетни играчи, наследници кои треба да дојдат во репрезентацијата. Максимално ќе играме против секој ривал. За нас ќе биде „тест“ за она што ќе нè очекува во новата сезона“