Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Манасков: Се подготвуваме за почетокот на сезоната, очекувам пласман на Ф4 турнирот во СЕХА
Манасков: Се подготвуваме за почетокот на сезоната, очекувам пласман на Ф4 турнирот во СЕХА

Манасков: Се подготвуваме за почетокот на сезоната, очекувам пласман на Ф4 турнирот во СЕХА

Вардарци се подготвуваат за новата сезона, а првиот тест ќе биде турнирот во Струга кој ќе се одржи во периодот од 16-20.август. Црвено-црните се во група со екипите на Алкалоид, Целје и Бутел, а турнирот го отвараме на 16.август со натпревар против екипата на Алкалоид.

Дејан Манасков е најзвучното засилување, кој треба да биде замена за Дибиров на левата крилна позиција. Манасков истакна дека веќе се вклопил во новата средина и дека очекува пласман за неговиот тим на ФК турнирот во СЕХА.

„Веќе неколку дена тренирам со Вардар, сè е како што треба, добро се вклопив во екипата. Доста од играчите ги познавам од претходно, така што не беше тешко да се прилагодам, сите ме прифатија добро. Се подготвуваме за почетокот на сезоната, следната недела нè очекува турнирот во Струга, јубилеен 50-ти. Ќе ми биде драго да настапам таму по неколку години.  Еден квалитетен турнир, мислам дека ќе биде добра генерална проба за она што нè очекува во текот на сезоната, имаме квалитетни натпревари против добри екипи, што од нашето првенство, што од надвор. Ќе го искористиме максимално да влеземе подготвени во ној натпревар против Нексе на 23 август. Полека ќе треба да ја креваме формата, на тој натпревар играме дома, ќе одиме на победа и сакаме да се пласираме на Ф4 во СЕХА.