Оваа сезона Супер купот во ракомет се игра во Охрид во салата „Билјанини Извори“ и тоа на 11 септември со почеток од 20-00 часот. На тој меч по првиот сезонски трофеј ќе атакуваат екипите на РК Вардар 1961 и Е. Пелистер.
Од страна на организаторот денеска пристигна информција дека од понеделник билетите ќе бидат пуштени во продажба, истите ќе чинат по 200 денари. Истите ќе се продаваат на билетарата на салата, и ќе бидат во ограничен број.