Sunday ,27 April 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Помладите пионери на ФК Вардар подобри од Работнички, на пријателски натпревар одигран на Локомотива
Помладите пионери на ФК Вардар подобри од Работнички, на пријателски натпревар одигран на Локомотива

Помладите пионери на ФК Вардар подобри од Работнички, на пријателски натпревар одигран на Локомотива

Помладите пионери на ФК Вардар убедливо со резултат 4:0 го добија пријателскиот натпревар против екипата на Работнички. Натпреварот кој се одигра денес на теренот на Локомотива помина во целосна доминација на вардаровите надежи.

Во првиот дел, не видовме многу шанси, но Вардар успеа да поведе со ефектниот гол на Марко Крстевски, кој со силен и прецизен удар од преку 20 метри успеа да донесе водство на својата екипа. На голот претходеше центар шут од корнер, за момент противничката одбрана ја отстрани опасноста, топката стигна до Крстевски кој биеше прецизно за отварање на резултатот. Во првото полувреме во прилика се најде и Давитов, но немаше реализација.

304327694_124805346973227_6931416680200798201_n 304798822_124804850306610_4838538515785236454_n 304948956_124805070306588_1011651296251025709_n

Екипата на Работнички не создаде ниту една сериозна шанса барем за почесен гол, додека нашиот тренер Трајче Стојковски денес им даде шанса за игра на сите кои беа на располагање. Во второто полувреме, Вардар постигна уште три гола, два беа дело на Михаил Јорданоски и еден на Петар Давитов, за конечен резултат од 4:0.

303369120_124805170306578_2305748774233939803_n

Вардар: Јаневски, Радевски, Атанасовски, Смиљков, Ивановски, М.Крстевски, Котевски, Дамевски, Блажевски, Давитов, А.Крстевски.