Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар ја наполни мрежата на Борец, црвено-црните се вратија на победите
Вардар ја наполни мрежата на Борец, црвено-црните се вратија на победите

Вардар ја наполни мрежата на Борец, црвено-црните се вратија на победите

Фудбалскиот клуб Вардар се врати на победите во ВМФЛ, откако попладнево на стадионот „Борис Трајковски“ убедливо со резултат 6:0 ја победи екипата на Борец.

Грнчаров стартуваше со следниве 11-сетмина: Целески, Вецески, Мишковски, Парталко, Серафимов, Мицевски (К), Николовски, Попзлатанов, Десниќ, Христов и Јаневски.

Вардар имаше голем посед на топка, иницијатива и контрола на играта во текот на првите 45 минути. Екипата на Борец беше во подредена улога, едноставно беа повлечени на нивната половина и се бранеа. Првиот удар на натпреварот го имаше Мишковски кој биеше со глава над голот, после центар шут од корнер на Мицевски.  Во 12.минута противничкиот гол да го загрози од слободен удар се обиде Христов, но биеше само крај голот. Прашање на време беше само кога ќе успееме да го отвориме резултатот, тоа се случи во 24 минута, кога после центар шут на Позлатанов од десната страна, Дарио Десниќ беше играчот кој од некаде 8.метри со глава ја заби топката во мрежата на Борец, за предност од 1:0. Продолживме и понатаму со иницијативата, обид имаше и Николовски од голема далечина, но овој пат гостинскиот голман беше присебен. Се играше судиското надополнување, кога повторно Десниќ успеа на идентичен начин, со глава да постигне гол за 2:0, овој пат на центар шут од младиот Серафимов. Со предност од 2:0, Вардар замина на полувреме.

Во листа на стрелци по десет минути игра во вториот дел можеше да се запише Вецески, после нафрлена топка на Мицевски, највисок во скокот беше Вецески биеше од непосредна близина со глава, но одбрани голманот на Борец и спаси поголема негатива за својот тим. Во 62.минута зголемување на водството од 3:0 донесе Симеон Христов, нашиот напаѓач доби употреблива топка во противничкиот шеснаесетник, и умешно успеа да ја спроведе топката во мрежата. И на денешниот натпревар, Вардар имаше огромна поддршка од своите Комити кои во текот на целиот натпревар му даваа крилја на својот миленик. Во 65.минута во игра влегоа Жоглев и Маркоски, на местото на Десниќ и Христов. Токму нововлезениот Владимир Жоглев во 75 минута успева со силен прецизен удар од десеттина метри да го зголеми резултатот на 4:0. Не помина многу време откако доби шанса за настап, младиот Никола Величковски (2005) успеа да се запише во листата на стрелци, се играше 80 минута кога после центар шут од левата страна, Величковски успеа со глава да биде прецизен и да го постигне својот прв гол сезонава, за водство на Вардар од 5:0. В0 85 минута обид имаше Николовски кој бие крај голот, после додавање од Маркоски. Во 91 минута, мрежата на Борец ја затресе и новото засилување, Кире Маркоски, кој погоди после нафрлена топка од левата страна на Парталко. Конечен резултат од 6:0 во корист на Вардар.

Ова е трет триумф сезонава за вардарци, кои имаат и еден нерешен резултат.